Надал и Алкараз ќе играат на Мастерсот во Мадрид

Директорот на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мадрид, Фелисијано Лопез е уверен дека ќе ги има најдобрите играчи во светот. Со оглед на тоа што турнирот се игра пред шпанска публика, најголема атракција секако би била појавата на Рафаел Надал и Карлос Алкараз кои во моментов не играат поради повреди.

Двајцата нема да бидат на Мастерсот во Монте Карло следната недела, но во Мадрид се надеваат дека до почетокот на нивниот турнир на 26. април, двајцата ќе се опорават од повредите.

„Се надевам дека Надал и Алкараз ќе направат се како што треба на следните турнири. Верувам дека Алкараз повторно ќе игра со Ѓоковиќ во Мадрид и дека оваа година ќе го видиме и Рафа, кој доколку е здрав, дефинитивно ќе се бори за титула. Во 2023 година немаме јасни фаворити на земјена подлога“, смета Лопез.

Алкараз лани до титулата во Мадрид стигна совладувајќи ги Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Се вчитува...