Ивановски поразен во второто коло на ИТФ фјучрсот во Дубровник

Најдобриот македонски тенисер го заврши својот настап на ИТФ фјучрсот во хрватски Дубровник во 2. коло. Во оваа рунда на фјучрсот вреден 25.000 американски долари Ивановски загуби од тенисерот од Босна и Херцеговина Алдин Шеткиќ со 2-0 по сетови со 7-6 и 6-2.

Првиот сет беше маратонски, траеше 62 минути, а ниту еден од тенисерите не дојде ни до брејк-шанса што доведе победникот да биде одлучен во тај-брејкот. Таму Шеткиќ беше поконцентриран добивајќи го со 7-5. Во вториот сет, Ивановски, едноставно не ги искористи своите шанси, а Шеткиќ со рутински 2-0 стигна до победа.

За Ивановски, сепак, ова не е конечен крај на турнирот во Дубровник вреден 25.000 долари, бидејќи се уште е во конкуренција на двојки. Во тандем со Лука Микрут од Хрватска, како четврти носители, попладнево ќе се соочат со Баничевиќ/Тумбас Кајго, исто така од Хрватска.

Се вчитува...