Виљареал ги поремети плановите на Галатасарај за Ливаковиќ

Најдобриот хрватски голман, Доминик Ливаковиќ по одличните настапи за „коцкестите“ на Светското првенство во Катар го примами интересот на клубовите од „топ 5“ првенствата во Европа, но најконкретен во преговорите засега е Галатасарај.

Турскиот гигант се поврзува со трансфер вреден 10 милиони евра по што се чини дека само детали го делат Хрватот од потпис, но на патот на Ливаковиќ до Истанбул неочекувано застана Виљареал, откриваат шпанските медиуми.

Шпанскиот прволигаш бара решение за голманската позиција, а репрезентативниот чувар на мрежата на Хрватска и Динамо Загреб е означен како желба број еден. Очекувањата се дека Виљареал наскоро ќе испрати и официјална потврда со што веќе станува јасно дека сега 28-годишникот по осум години ќе замине од главниот град на Хватска.

Се вчитува...