Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во финалето во двојки на ИТФ фјучерсот вреден 40.000 долари кој се игра во Сплит, Хрватска, на земјена подлога.
Ѓорческа заедно со својата партнерка Вероника Ерјавец од Словенија во полуфиналето во три сета триумфираа против чешката двојка Сара Бејлек и Луси Хавличкова со 5-7, 6-4, 10-6.
Во финалето Ѓорческа и Ерјавец ќе се соочат со подобрите од втората полуфинална пресметка меѓу романско-летонската комбинација Гаврила/ Семенистаја и словенечко-хрватската комбинација Радишиќ/ Вурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

