Денвер одмори цела петорка, па загуби од Феникс

Денвер го осигура првото место во Западната конференција во пресрет на плејофот, па тренерот Мелоун можеше да си дозволи да ја одмори целата стартна петорка на дуелот со Феникс санс. Не само што во составот го немаше Никола Јокиќ, туку отсуствуваа и Гордон, Мареј, Портер и Колдвел Поуп, но и со така сериозен состав Денвер сериозно ги намали „сонцата“ предводени од Кевин Дурант, кои на крајот славеа со 119-115.

Пресуден се покажа шутот од далечина, Феникс погоди 17 тројки од 36 обиди, а најефикасни во победничкиот тим беа Дурант со 29 и Крис Пол со 25 поени.

Филаделфија неочекувано лесно и убедливо загуби на домашен терен од Мајами со 101-129, меч што беше решен уште во првото полувреме кое гостите го добија со убедливи 46-67. Батлер и Хироу го предводеа победничкиот состав со по 24 поени, додека 21 поен за Филаделфија постигна Ембид.

Резултати НБА:

Орландо – Кливленд 94-118, Филаделфија – Мајами 101-129, Сан Антонио – Портланд 129-127, Јута – Оклахома 98-114, Феникс – Денвер 119-115.

Се вчитува...