Кевин Дурант пристигна во Феникс како адут во атакот за титулата, а крилниот кошаркар веднаш покажа дека е подготвен да ги води „сонцата“ во тој шампионски поход. Повредите го спречија да настапува редовно за Феникс по трансферот од Бруклин, но кога тој е на теренот, бројките се фантастични.
Конкретно, Кевин Дурант настапи на осум натпревари во дресот на „сонцата“ сезонава, при што неговиот тим забележа исто толку победи. Тој го предводеше Феникс до триумф и на синоќешниот меч со прворангираниот Денвер постигнувајќи 29 поени, најавувајќи дека влегува во топ-форма токму за стартот од плејофот.
Уште поимпресивно делува фактот дека „Дурантула“ од почетокот на оваа 2023 година има претрпено само еден единствен пораз (на 4 јануари против Чикаго). Во овој период тој има 12 победи (осум со Феникс, четири со Бруклин).
Ако се земат во предвид резултатите од 25 ноември 2022 година, Кевин Дурант има дури 25 победи и само два порази…
Навистина импресивно, доволна причина за сите ривали да се плашат од Феникс во претстојниот плејоф…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

