Лука Дончиќ во Црвена Звезда, неговиот одговор беше позитивен

Лука Дончиќ отворено признава дека негов омилен клуб во регионот е Црвена Звезда, а кога неговиот татко Саша Дончиќ се појави во салата „Пионир“ за синоќешниот спектакл против Олимпијакос, јасно беше кое прашање следи: Дали може да се случи Лука во иднина да го облече дресот на „црвено-белтие“ од Белград.

„Мислам дека тоа е прашање за Лука, тој треба да одговори. Знам дека новинарите го имаат прашано еднаш, на Евробаскет 2017 година, и колку што се сеќавам неговиот договор беше позитивен. Знам дека се уште ја гледа Црвена Звезда и навива од САД за овој тим, тој гледа се што може од Евролигата. Лука ужива во кошарката, затоа и гледа натпревари од Словенија, Србија, Евролига… буквално се“, изјави Саша Дончиќ.

Јасно е, во овој момент ваков трансфер е невозможна мисија, но изјавата на „Дончиќ сениор“ им дава право на „Делије“ да сонуваат… дека Лука пред крајот на кариерата ќе се врати во Европа и ќе го облече дресот на својот омилен клуб.

Се вчитува...