Марсело Биелса повторно е селектор

Познатиот аргентински стручњак Марсело Биелса е подготвен за нов ангажман, откако повеќе од една година е без работа по заминувањето од кормилото на Лидс Јунајтед.

За Биелса во изминатиот период се интересираа бројни клубови, но тој се реши за нов селекторски предизвик, и тоа повторно во Јужна Америка. Уругвај ќе биде новата национална селекција што ќе ја предводи одличниот стратег, кој во изминатите десетина дена водеше интензивни преговори, а според последните информации конечно е постигнат целосен договор.

Биелса ќе потпише договор на почетни три години што би истекол до завршувањето на СП 2026, а целта секако ќе биде пласман најмалку во мундијалското осминафинале, нешто што на Уругвај не му успеа на последното СП во Катар.

По ерата на легендарниот Оскар Табарез, Уругвај на СП во Катар го водеше Диего Алонсо, кој доби отказ по неуспехот во групната фаза, по што улогата на привремен селектор ја извршува Марсело Броли.

Се вчитува...