Бразилскиот напаѓач Родриго би сакал Лука Модриќ да остане уште една година во Реал Мадрид, а потоа да го преземе дресот со број 10 од него.
Родриго во средата вечерта го одигра својот 150. натпревар за Реал Мадрид, учествувајќи во победата од 4-0 над Барселона во полуфиналето на купот.
„Да бидам искрен со вас, би сакал да го носам бројот 10. Ќе разговарам со Модриќ за тоа. Сакам Лука да остане уште една година, но кога нема да е тука, би сакал да го носам тој дрес“, изјави Родриго.
Модриќ го носи бројот 10 на грбот од летото 2017 година, кога клубот го напушти колумбискиот офанзивен играч за врска Џејмс Родригез. Модриќ претходните пет години во Реал го носеше бројот 19.
Со години „десетката“ важеше за несреќен број во „кралскиот клуб“ бидејќи многу играчи пред Модриќ, меѓу кои и Хамес Родригез, имаа пех, одиграа неочекувано слабо или разочарани го напуштија „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

