Изненадување: Солскјер пред промоција во белгиски клуб

Оле Гунар Солскјер по отказот од Манчестер Јунјатед во 2021 година, и натаму е без ангажман. Во меѓувреме се поврзуваше со неколку клубови, меѓу кои од Премиерлигата, како и со Ајакс, но и натаму е слободен агент.

Можеби помалку изненадувачки, но информациите од Белгија говорат дека Норвежанецот е пред промоција во Бриж. Осминафиналистот во Лигата на шампионите е без тренер по отказот на Скот Паркер по елиминацијата од Бенфика, па сега Норвежанецот е пред потпис.

Солскјер во минатото работеше и во Молде и Кардиф, а беше тренер и на резервниот тим на Јунајтед. Тој три години го водеше Јунајтед, а доби отка во ноември 2021 година откако загуби од Ливерпул 5-0, а потоа беше катастрофално поразен и од Ватфорд 4-1, со што раководството се реши да се раздели.

Се вчитува...