Невидена брука на фановите на Тигре: Го погрешиле автобусот, па ги каменувале своите играчи

Сао Паоло синоќа во гости го совладаа аргентинскиот Тигре со 2-0, а овој меч го одбележа неверојатниот потег на домашните навивачи кои пред мечот по грешка го каменувале автобусот во кој се наоѓале токму играчите на Тигре.

Пред стадионот биле упатени тврди предмети кон автобусот, но фановите дури подоцна сфатиле дека го каменувале погрешниот автобус, односно автобусот во кој се возеле играчите на Тигре.

Навивачите го подготвувале ова сценарио, но не е јасно како дошло до забуна, па не успеале да го гаѓаат противничкиот автобус. „По грешка“, автобусот со играчите на Сао Паоло без проблеми минал низ мешаницата и безбедно стигнал на стадионот.

Се вчитува...