Ливерпул ќе биде значително засилен за неделното дерби со Арсенал, на кое „црвените“ се надеваат на прекин на серијата слаби игри откако во последните две кола загубија од Манчестер Сити и ремизираа со Челси. Јирген Клоп денеска објави дека Луис Дијаз и Тијаго Алкантара веќе се наоѓаат во тренажен процес со остатокот од тимот, а германскиот стратег очекува Тијаго да има и одредена минутажа против Арсенал.
Што се однесува до Дијаз, колумбискиот крилен офанзивец најверојатно ќе мора да почека до следниот дуел со Лидс за конечно да го има својот камбек на терените по повеќемесечната пауза.
„Тијаго и Луис тренираат со тимот и тоа е одлична вест за сите. Проблемот со Луис е што премногу долго паузираше и сакаме да се врати на терен кога ќе биде стопроцентно подготвен, никако порано. Како што стојат работите, тоа ќе биде случај против Лидс. Што се однесува до Тијаго, неговата состојба е подобра и тој би можел да добие минутажа против Арсенал“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

