Матео Ковачиќ отворено говореше за големата резултатска криза во Челси, која придонесе лондонскиот клуб наместо да се бори за највисок пласман да се најде во долниот дел од премиерлигашката табела.
Ова резултираше во една сезона да биде сменет и втор тренер откако Грем Потер доби отказ, а на негово место беше доведен Френк Лампард, но за Ковачиќ нема дилема дека главни виновници за резултатската криза се фудбалерите, а не стручниот штаб.
„Да бидеме искрени, мораме подобро од ова… знаеме дека сме многу подобри од резултатите што ги покажуваме. Тоа им е јасно речиси на сите, но од друга страна, јасно е дека е полесно да смениш еден тренер отколку 30 фудбалери. Отказот за Потер не ја намалува нашата одговорност за слабите резултати“, изјави Матео Ковачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

