Нов успех: Лина Ѓорческа до трофеј во Сплит

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оствари нов успех откако се закити со трофеј во дубл на турнирот што се одржуваше во Сплит, Хрватска.

Ѓорческа настапи во тандем со Вероника Ерјавец од Словенија и не виде многу мака во денешното финале, во кое за противнички ги имаа Словенката Радишиќ и Хрватката Вурт. Финалниот меч траеше само 63 минути, колку што им беше доволно на Ѓорческа и Ерјавец да стигнат до максимални 2-0 во сетови.

Ова е 13. пехар во кариерата на Ѓорческа, која е убедливо најдобра македонска тенисерка во моментов.

Се вчитува...