Матераци откри што рекол: Зидан прв почна, а јас само му одговорив…

Марко Матераци во еден италијански подкаст обелодени што точно се случувало меѓу него и Зинедин Зидан за време на големото финале на СП 2006 меѓу Италија и Франција.

Италијанскиот дефанзивец успеа да го испровоцира Зидан, кој го удри со глава во градите и доби директен црвен картон, долго време се шпекулираше околу точните детали, за Матераци конечно да обелодени што точно се случувало во тие неколку секунди.

„Зидан почна, ми се сврте и ми кажа да ми го даде дресот… јас му реков дека повеќе ја сакам сестра му“, откри Марко Матераци. 

Се вчитува...