Интер прими смешен гол во 90. минута и остана без заслужена победа во Салерно

Резултатската криза на Интер во Серија А уште повеќе се продлабочи откако „нероаѕурите“ попладнево одиграа само 1-1 на гостувањето против Салернитана. Конечниот исход е апсолутно незаслужен ако се знае дека Интер водеше од 6. минута, потоа промаши бројни шанси, за казната да стигне со смешниот гол што во 90. минута го прими голманот Онана.

Госенс одлично се снајде на самиот почеток и донесе рано водство на „нероаѕурите“, најавувајќи прекин на серијата од три порази во низа во Серија А. Гостите од Милано, доминираа, но Очоа имаше свој ден на голот на Салернитана, не дозволувајќи и втор погодок во својата мрежа. Домашниот чувар на мрежата имаше и многу среќа во второто полувреме, откако Барела и Лукаку ја погодија рамката од неговиот гол, но не успеаја да стрелаат за 0-2. Се чинеше дека Интер минимално ќе слави, кога Кандрева упати центаршут од триесетина метри, летот на топката го изненади Онана и заврши во мрежата, на огромна шокираност на гостинските фудбалери и навивачи на овој натпревар.

Голот на Госенс за водството на Интер на гостувањето во Салерно можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Израмнувачкиот погодок на Кандрева против неговиот поранешен клуб можете да го погледнете ОВДЕ.

Се вчитува...