Интер повторно остана без планирани бодови во трката за висок пласман, и повторно вината за неуспехот може да се бара кај Ромелу Лукаку.
Голманот Онана прими смешен гол во 90. минута за 1-1 против Салернитана, но исходот можеше да биде сосема поинаков доколку Лукаку ја искористеше стопроцентната шанса што му беше создадена кон средината на второто полувреме. Тогаш по еден корнер Белгиецот се најде осамен на еден метар од голот, но наместо да стрела во мрежата, тој ја погоди само гредата, за што казната стигна во самиот финиш од мечот во Салерно.
Новото неверојатно промашување на Ромелу Лукаку можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА