Чурлинов е мајстор за промоции: Барнли слави влез во Премиер-лигата

Дарко Чурлинов минатата сезона му помогна на Шалке да влезе во првата Бундес-лига, а македонскиот репрезентативец и денеска слави промоција, откако неговиот Барнли обезбеди учество во Премиер-лигата од наредната сезона.

Барнли славеше со 1-2 на гостувањето против Мидлсброу, по што Чурлинов и соиграчите на седум кола до крајот обезбедија удобна предност со која се недостижни за ривалите во трката за влез во Премиер-лигата.

Се вчитува...