Крај за Далас, Дончиќ и соиграчите математички остана без плеј-оф

Кошаркарите на Далас доживеаја поразз на свој терен од екипата на Чикаго, и така ги изгубија сите шанси да се најдат во плеј-офот. Така Оклахома обезбеди место во доигрувањето за пласман во плеј-офот во НБА.

Далас првпат после 2019 година ќе ја заврши сезоната во лигашкиот дел, и последниот меч против Сан Антонио ќе биде само за престиж. Неверојатен е податокот дека Далас ќе остане без плеј-оф, имајќи во предвид дека беше на 4. место на табелата на почетокот на годината, кога направија трејд и го донесоа Кајри Ирвинг. Тој заедно со Дончиќ се чинеше дека ќе немаат проблеми да дојдат не само до плеј-офот, туку да стигнат и далеку, но катастрофалниот финиш на сезоната (само четири победи во 15 меча) придонесе да имаат сезона за заборав и за анализа.

И самиот меч против Чикаго беше катастрофален. Поголем дел од првотимците не играа, Дончиќ беше повлечен на крајот на првата четвртина, и повеќе не се враќаше во игра.

Атланта доживеа пораз од Филаделфија 136-131 после продолженија. Интересно е што Филаделфија го почна мечот без ниту еден стартер. До победа ги предводеше Нијанг и Мекдениелс со по 24 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Хјустон 109:112

Индијана – Детроит  115:122

Вашингтон – Мајами 114:108

Атланта – Филаделфија 131:136

Бостон  – Торонто  121:102

Бруклин – Орландо 101:84

Милвоки – Мемфис 114:137

Њу Орлеанс  – Њујорк 113:105

Далас  – Чикаго 112:115

Сакраменто – Голден Стејт 97:119

ЛА Лејкерс – Феникс 121:107


Се вчитува...