Лукаку од пенал против Јувентус во полуфиналето на Купот, беше херој постигнувајќи израмнувачки гол, меѓутоа Белгиецот се избрука за сите пари против Салернитана синоќа.
Напаѓачот имаше неколку неверојатни промашувања, а вчера „капка која ја прели чашата“ беше промашувањето откако од само неколку метри не успеа да спроведе во голот.
Откако „Нероазурите“ одиграа само 1-1 и со тоа си го загрозија пласманот во ЛШ следната сезона, Лукаку мораше да оди да се извинува кај навивачите.
Но, таму претрпе критики од тифозите на Интер. Ситуацијата се смири кога својот дрес го даде на еден од најжестоките навивачи и вети дека ќе ја поправи својата игра и ќе почне да дава голови.
Лукаку во Интер е на позајмица од Челси, но и натаму не е јасна иднината на напаѓачот на „Стемфорд Бриџ“, па можно е повторно да се врати на „Џузепе Меаца“.
Depois do Salernitana-Inter, Romelu Lukaku pediu desculpas aos adeptos da Inter que viajaram para Salerno.
Enorme atitude 👏🏼💙 pic.twitter.com/EVBStKgAOc
— GonçaloDias17 (@goncalo_diass17) April 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА