Елмас: Мајка ми не ме пушташе да излезам од соба додека не научам, дури и кога имаше ЛШ

Елиф Елмас даде интервју за „Дазн“ во кое зборуваше за Наполи, Македонија, за неговата фамилија. Тој кажа интересни работи, како дека неговиот татко не следел фудбал, а неговата мајка го терала да учи.

Кажува дека Неапол е многу различен од Македонија, и првпат кога дошол во градот синоним му биле тесните улички и пицата која му е омилено јадење.

„Во Македонија многу се гледа италијански фудбал. Ми се допадна Тоти, и Рома на Спалети како играше. Татко ми не гледаше фудбал, како и целото семејство. Размислуваа само на работата од утро до вечер. Сега имаат повеќе време затоа што нивните деца работат, семејството е тука со мене“, рече Елмас.

Елмас кажа дека најмногу го воодушевува стоперот Ким со неговиот однос.

„Тој е одличен човек со вистински карактер, тој е импресиен. Но, тие се сите, како Лоботка, Кварацхелија, Дилоренци, Ангуиса, Руи. Сите се одлични. Оваа година навистина ни се случуваат многу работи. Спалети донесе нешто посебно. Не натера да играме, топката да оди со 100 на час, а и ние“, во шега вели Елмас.

Што секогаш ти кажуваше мајка ти како дете?

„Додека не научиш се, нема да излезеш од собата. Дури и кога имаше Лига на шампиони, морав да учам“, изјави Елмас.

Се вчитува...