Удинезе и Монца одиграа 2-2 на „Дачија Арена“ во Удине, меч во кој и двата тима се сменија во водството, за на крајот да освојат по бод.
Несторовски е спасителот на Удинезе, откако изнуди пенал во судиското надополнување на мечот, за Удинезе да се спаси од пораз.
Удинезе најпрво поведе преку Ловриќ, но на стартот од вториот дел Удинезе два пати шокиран. Колпани донесе израмнување, а Ровела за само осум минути и пресврт.
Во 92. минута Бето го претвори во гол ударот од белата точка за бод за Удинезе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА