Челси тера по старо и со Лампард (ВИДЕО)

Челси продолжува да реди порази во Премиерлигата и покрај тренерската смена која се случи пред неколку дена, и на клупата се врати Френк Лампард. Лондонските „сини“ загубија на гостувањето кај Вулверхемптон со 1-0. Херој на домашниот тим беше Нуњез во 31. минута.

Интересно е тоа што Лампард му даде шанса на овој меч на Обамејанг, кој беше „отпишан“ од страна на Потер.

Њукасл беше во многу лоша состојба во дуелот во Брентфорд, но ги спасуваше среќата и на крајот дојдоа до победа. Тони во 8. минута постигна гол, но му беше поништен по сугестија на ВАР. Потоа во 30. минута Тони промаши пенал, а во 45. минута, конечно, истиот играч погоди за водство.

Сепак, автоголот на Раја и голот на Исак донесе пресврт и победа за Њукасл.

Вест Хем славеше голем триумф на гостувањето кај Фулам со 0-1, додека Лестер доживеа нов незгоден пораз од Борнмут исто со 0-1. Тотенхем успеа да го совлада Брајтон со 2-1 благодарение на голот на Кејн во 79. минута.

Астон Вила оствари важна победа во битката за Европа над Нотингем со 2-0 со головите на Траоре и Воткинс.

Се вчитува...