Ножички на Халанд, Сити без проблеми до три бода (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја продолжи трката за титулата во Англија откако без проблеми го совлада составот на Саутмептон на гости со убедливи 1-4.

Избраниците на Пеп Гвардиола се „мачеа“ до првиот гол кој се случи во 45. минута а го постигна Халанд.

Во вториот дел Грилиш во 58. минута зголеми на 0-2, а потоа Халанд погоди со спектакуларни ножички во 68. за 0-3. Саутемптон преку Мара намали, а Алварез од пенал во 74. минута ги постави конечните 1-4.

Се вчитува...