Една од најискусните во нашата женска репрезентација Елена Ѓоргиевска, по натпреварот истакна незадоволство од резултатот на натпреварот со Украина, кој Македонија го загуби со 22-24.
Клучна беше лошата игра во првиот дел кога Украина водеше со шест разлика, за во вториот дел нашите девојки да дојдат до егал, но на крајот не успеаја да направат пресврт и да го добијат мечот.
„Искрено не сум задоволна, затоа што се подготвувавме да бидеме дисциплинирани, затоа што изгубивме од еден ривал кој не е поквалитетен од нас. Можеби еуфорија, преголема желба, придонеса да направивме многу грешки во првото полувреме. Се надевам ќе го поправиме до следниот меч, односно да не се изгубиме како во првиот дел“, рече Ѓоргиевска која кажа може да се дојде до добар резултат на следниот меч ако одиграат како во вториот дел.
„Ако одиграме како што го одигравме второто полувреме. Имаме минус, не искористивме на домашен терен да направиме разлика. Но не се предаваме, и ќе го дадеме максимумот за да одиме понатаму. На полувремето се договоривме да бидеме поконцентрирани и да не правиме толку грешки. Дисциплинирано влеговме во вториот дел и направивме се што можеме да го вратиме резултатот во нормала“, рече Ѓоргиевска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА