Националната кошаркарска асоцијација (НБА) започна истрага против тимот на Далас, кој со поразот од Чикаго дефинитивно ги загуби шансите да се бори за пласман во плеј-офот.
Изненадувачки, тренерот Џејсон Кид на дуелот со Чикаго се реши да одмори неколку играчи, Дончиќ играше само 13 минути, а на крајот тренерот кажа дека тоа било одлука на сопствениците на клубот кои морале да бидат почитувани, и дека намерно дозволиле да го пропуштат плеј-офот.
„Организацијата на клубот донесе таква одлука, и ние мораме да ја почитуваме“, рече Кид по натпреварот.
Меѓутоа сега Далас оди под истрага поради овој случај.
„НБА почна истрага околу одлуките на Далас околу составот и однесувањето на натпреварот со Чикаго, вклучувајќи ги и мотивите кои придонеле за тоа“, рече портпаролот на лигата, Мајк Бас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

