Кошаркарите на Денвер Нагетс во натпревар без никакво резултатско значење загубија на гостувањето кај Јута Џез со 118-114.
Тренерот на Нагетс, Мајк Мелоун бидејќи веќе е обезбедено местото број 1 на Западот, им даде мала минутажа на своите први ѕвезди. Очаи Агбаџи со 28 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кентавиус Калдвел Поуп заврши со 21 поен.
Лос Анџелеск Клиперс е на чекор од директен пласман во плеј-офот откако славеше на домашен терен против Портланд Трејлблејзерс со 136-125, додека Минесота Тимбервулвс со гостинската победа над Сан Антониот Спурс од 131-151 обезбеди учество во плеј-ин турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

