Новозеланѓанецот Израел Адесања по вторпат стана шампион во средна категорија (до 84 кг) на елитната промоција на УФЦ откако во втората рунда го победи својот голем ривал Алекс Переира со нокаут.
На натпреварот присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои најголемо внимание привлече присуството на Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД.
До победата Адесања стигна во втората рунда од главната борба, кога целосно го „згасна“ претходниот шампион со десен директ од контра, а судијата Ден Мираљота беше принуден да го заврши натпреварот по еден удар на подот. Беше нокаут за паметење и Адесања сега има биланс од 24 победи (16 КО) и 2 порази во неговата професионална ММА кариера.
Борецот роден во Лагос на тој начин се врати на врвот на дивизијата до 84 килограми, откако го загуби појасот од Переира во ноември во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“. Адесанја успеа да го совлада Переира во четвртиот обид, откако борецот од Сао Паоло двапати славеше во кик-бокс рингот и еднаш во октагонот на УФЦ.
ISRAEL ADESANYA.
HE’S MF BACK.
(via @ufc) pic.twitter.com/03NVRCTlY7
— Overtime (@overtime) April 9, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

