Шесткратниот гранд-слем шампион и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ Борис Бекер вели дека Карлос Алкараз е играчот кој ќе го наследи тронот на „големата тројка“, но дека нема шанси да ги урне нивните рекорди.
„За младиот Шпанец Карлос Алкараз се зборува како следен голем играч. Тој е неверојатен, игра одлично, изгледа добро и го има целиот потенцијал на тениска суперѕвезда. Но, тоа е многу повеќе од тенис. Мора да се вратите по падот, да браните титули, да станете претставник на својата земја, да влегувате во ситуации за кои не сте ни знаеле дека постојат. Ќе биде нивни наследник, не верувам дека ќе ги урне нивните рекорди“, вели Бекер.
Алкараз минатата сезона стигна до својот прв гранд-слем трофеј откако триумфираше на УС опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

