Македонскиот спорт во моментов се наоѓа пред умирање и не постои доктор кој може да го спаси. Место квалитетни натпревари ние насекаде низ државава гледаме само еден обичен циркус.
Најновиот ни стигнува од женската одбојкарска лига и дуелот во Струмица меѓу домашниот Наковски Волеј и гостинот Јанта Волеј.
Скопскиот тим уште при пристигнување во Струмица бил пречекан со навреди, и дирекни закани, како кон стручниот штаб на Јанта, така и кон самите одбојкарки, грото малолетни девојчиња. За да потоа, самото загревање пред дуелот биде прекинато од неколкумина неслужбени лица кои директно го нападнале тренерот на Јанта и физички и со плуканици.
Потоа имаше дуел меѓу двајцата тренери Хари Наковски и Горан Јаневиќ, а тренерот на домашните се обиде и да ги нападне гостинските одбојкарки.
Наковски Волеј го доби овој меч и израмни на 1-1 во полуфиналната серија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА