Американски новинар: „Новак смешен си… Душо моја сите те мразиме“

Новак Ѓоковиќ веќе извесно време престојува во Монте Карло каде се подготвува за походот по титулата на Мастерс турнирот.

Случајна средба со навивачка на улица, па одење на натпревар на Партизан, а потоа и шоу на улица со  Јаник Синер предизвика големо внимание кај јавноста, новинарите и навивачите. Сепак, иако изгледа чудно, поединци кои внимателно ги следеле настаните од кнежевството велат дека го мразат Ѓоковиќ.

Американскиот новинар, Ерик Хајн, кој пишува за тенисот на веб-страницата „thedrawtennis.com“, и кој себеси се нарекува литературен агент, уредник и писател, предизвика бурни реакции кај обожавателите на Новак на социјалната мрежа Твитер.

Откако социјалните мрежи беа преплавени со видеа од Ѓоковиќ и Синер и нивната забава на улиците на Монте Карло, Хејн објави сосема непотребна порака.

„Смешно е кога Ѓоковиќ се обидува да ја поттикне толпата. Не душо, сите те мразиме“, напиша Хејн. 

Се вчитува...