Брегалница има предност од 1-0 од 51. минута против Македонија ЃП на натпреварот од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига кој се игра на Градскиот стадион во Штип.
Штипските „сините“ до предноста дојдоа благодарение на одличната брза акција на Дарко Додев и Ѓорѓи Ѓорѓиев.
Додев одлично продре по десната страна, нафрли пред голот на гостите каде од шест метри одлично се снајде Ѓорѓиев кој мајсторски смести под гредата од голот на Стевковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА