Рој Хоџсон го препороди Кристал Палас (ВИДЕО)

Рој Хоџсон и тоа како се покажува како полн-погодок за Кристал Палас во борбата за опстанок во англиската Премиер-лига. Откако во своето ново деби на клупата на лондонскиот тим славеше над Лестер, денеска го декласираше Лидс со 1-5 на „Илан роуд“ во натпревар од 30. коло.

Натпреварот почна одлично за домаќините кои поведоа со 1-0 со голот на Бамфорд во 21. минута. До крајот на првиот дел гостите израмнија на 1-1 во судиското продолжение преку Геи.

Во вториот дел во 53. и 56. минтуа со головите на Ају и Езе Палас брзо стигна до 1-3. На 1-4 зголеми Едуард во 70. минута, додека конечните 1-5 ги постави Ају со својот втор гол во 78. минута.

Leeds 1 – [4] Crystal Palace – Odsonne Edouard 69'
byu/Todibo insoccer

 

Се вчитува...