Ракометарите на дебитантот Алкалоид стигнаа до нова победа откако на домашен терен без поголеми проблеми славеа против кавадаречки Тиквеш со 29-26 во натпревар од 8. коло од плеј-офот во Суперлигата.
И двата тима го почнаа натпреварот го почнаа стегнато. Промашуваа зицери, а по три минути се уште мируваа мрежите (0-0). Првиот гол на натпреварот беше дело на ракометарот на гостите Симиќ кој донесе водство од 0-1 за својот тим во 4. минута.
Домаќините заиграа на повисоко ниво во следниот период, па на влезот на 13. минута за првпат стигнаа до позитива од плус три (7-4). Избраниците на Кирил Лазаров продолжија со одличната игра па по 20 минути поведоа и со плус четири (12-8), а на три минути до крајот на првиот дел имаа и плус шест (16-10). Сепак, гостите успеаја да намалат дел од негативата и на пауза да се замине со резултат 17-13.
Во вториот дел избраниците на Кирил Лазаров рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 29-26. Мартин Серафимов со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Арнад Хамзиќ заврши со истиот број на погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА