ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Скопје е „убиец“ на фаворити, Брегалница се доближува до 4. место

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 26. КОЛО

После серијата на добри резултати, Струга Трим Лум направи „кикс“ во 26. коло, откако на „Автокоманда“ одигра само 1-1 против Скопје. „Пиратите“ по сензационалната победа на Чаир минатото коло, покажа уште еднаш дека нема „пардон“ за фаворитите. Иако губеа, во вториот дел целосно го надиграа противникот, и имаа неколку шанси, а израмнувањето стигна пред самиот финиш. Мирсад Јонуз добро ја подготвил екипата да ги „руши“ фаворитите, а ако продолжи вака, тимот од Автокоманда има дури можности и да се бори за директен опстанок, без бараж. Македонија ЃП како да се измори од мечот со Шкендија во Купот откако обезбеди финале, па „падна“ во вториот дел во Штип. Брегалница предводена од триото Ѓорѓиев – Додев – Николов, обезбеди победа со која штипјани се доближија до местото број 4 кое на крајот може да донесе Европа, доколку Струга ТЛ го освои трофејот во Купот. Силекс остана без реализација во Кавадарци, каде што Димовски одбрани неколку тешки удари, а Шкупи се „истури“ во Прилеп на Победа за поразот од Скопје минатото коло и даде шест гола. Академија Пандев не успеа да го сруши Работнички кој се одбрани во Струмица.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Сандеј Адетунџи (Шкупи) 

Конечно, најдобриот напаѓач за минатата сезона да одигра еден вистински натпревар. Сандеј Адетунџи беше стрелец на два гола. Иако не беше тешко да се совлада Победа, сепак, неговиот прв гол, се чини, беше клучен. Затоа што подоцна на чаирчани им беше полесно, па така во вториот дел му дадоа уште пет гола на противникот.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Здравков (Брегалница)

Натпреварот во Штип меѓу Брегалница и Македонија ЃП беше во „егал“, израмнет, особено во првиот дел. Меѓутоа во вториот дел Горан Здравков го најде „рецептот“ како да го скрши противникот. Со две убави акции, Брегалница стигна до 2-0, а „лавовите“ до крајот само успеаја да намалат, но не и да ја загрозат победата на штипјани.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Струга ТЛ)

Струга ТЛ не ги освои планираните бодови во Автокоманда. Првиот „бомбардер“ на стружани, а воедно и на Првата лига досега Бесарт Ибраими донесе водство. И тоа со убав гол, откако се снајде убаво на 10-11 метри. Беше свртен со грб, но убаво ја смири топката, успеа да се сврти кон голот и да погоди во мрежата на Ефремов. Сепак, неговиот тим на крајот прими гол и освои само бод, кој може многу скапо да ги чини во битката за титулата.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ФОТО НА КОЛОТО: Спушти ногата, од твоја сум!

Се вчитува...