Кошаркарите на Феникс Санс со втор тим загубија од ЛА Клиперс со 114-119 и со тоа го одбраа овој противник во првата рунда од плеј-офот во НБА лигата.
Актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс славеше над Портланд Трејлблејзерс со убедливи 157-101. На овој меч избраниците на Стив Кер урнаа рекорд постигнувајќи 55 поени во првата четвртина.
Лос Анџелес Лејкерс славеа со 128-117 против Јута Џез и со тоа го осигура седмото место што води во меч против Минесота во плеј-ин фазата која во директен дуел вечерва за осмото место славеше над Њу Орлеанс со 113-108.
Резултати Запад: Портланд – Голден Стејт 101-157, Феникс – ЛА Клиперс 114-119, ЛА Лејкерс – Јута 128-117, Минесота – Њу Орлеанс 113-108, Оклахома – Мемфис 115-100, Денвер – Сакраменто 109-95 и Далас – Сан Антонио 138-117.
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ИН:
(7) ЛА Лејкерс – (8) Минесота Тимбервулвс
(9) Њу Орлеанс Пеликанс- (10) Оклахома Сити Тандер
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПЛЕЈ-ОФ:
(1) Денвер Нагетс – (8)
(2) Мемфис Гризлис – (7)
(3) Сакраменто Кингс – (6) Голден Стејт Вориорс
(4) Феникс Санс – (5) ЛА Клиперс
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

