Несекојдневно достигнување на ѕвездата на Бруклин

Sвездата на Бруклин, Микал Бриџис во последниот ден од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата го одигра својот 83 натпревар во сезоната. Со оглед на тоа што сезоната има 82 натпревари неговото достигнување е несекојдневно, но не и нешто доста невидено.

До истото Бриџис стигна настапувајќи на 56 натпревари за Феникс и 27 натпревари за Бруклин откако беше заменет во трејд кој го вклучи и Кевин Дурент. Тој стана 42. играч во историјата на НБА лигата кој успеал да одигра 83 натпревари во една сезона, прв по Џош Смит кој успеа во истото во сезоната 2014/15.

За Бриџис сепак далеку повпечатлива е низата без пропуштен натпревар која изнесува 392 еден по друг, настапувајќи на секој натпревар во петгодишната НБА кариера со што е „најактивниот“ активен играч во првенството.

Се вчитува...