Ѓуровски: Јас навивав за Црвена Звезда и додека играв за Партизан

Милко Ѓуровски своевремено важеше за фудбалски генијалец, велемајстор кој само поради недоволната работна етика не направи феноменална кариера.

Македонецот кој во јануари наполни 60 години ќе остане запаметен и по тоа што во 1986 година направи трансфер директно од Црвена Звезда во Партизан, нешто што го направи омразен меѓу приврзаниците на „црвено-белите“.

„Додека постојат Црвена Звезда аи Партизан луѓето секогаш ќе се прашуваат зошто го направив тоа. Има многу причини, но главна е што јас сум поинаков од другите луѓе. Парите воопшто не ме интересираа, Динамо Загреб ми нудеше куќа, но јас сакав да ме паметат, така размислував тогаш. Во Црвена Звезда отсекогаш беше така, ќе дојде некој нов и нему ќе му се даде се, а другите нека почекаат“, се присетува Милко Ѓуровски.

Тој откри дека симпатиите кон клубот од „Маракана“ не се намалиле ниту по трансферот кај омразениот ривал.

„Јас сум навивач на Црвена Звезда и тоа никогаш нема да се промени. Така беше и кога играв за Партизан, штом ќе завршеше нашиот натпревар јас прашував што направила Звезда. Не можам никогаш да навивам за Партизан, иако минав четири години во овој клуб“, вели 60-годишниот Ѓуровски.

Се вчитува...