Швајцарецот пред нова улога: Федерер станува актер!?

Прославениот швајцарски тенисер Роџер Федерер учествуваше во скеч на комичарот и водител Тревор Ноа, а од неговата улога била воодушевена неговата сонародничка Белинда Бенчиќ.

Ноа и Федерер снимаа видео со возење на швајцарскиот воз низ преубавите пејсажи на Алпите. Ноа патувањето го зачини со шеги, а Федерер се вклучи во шоуто.

Тенисерката Белинда Бенчиќ го увиде скриениот талент на Федерер, и кажа дека тоа може да го искористи додека е во пензија.

„Одличен актер. Мислам дека наскоро ќе го гледаме во некој филм. Би рекла дека тоа би било многу забавно, затоа што Швајцарецот го разбира хуморот“, рече Бенчиќ.

Федерер веќе има свој профил на ИМДБ, а на него тениски документарци.

Се вчитува...