Торино и Рома играа натпревар во 29. коло од Серија „А“ а тоа беше добра шанса на навивачите на торинскиот клуб да му испратат порака на нивниот екс играч, Андреа Белоти кој сега е дел од римската волчица. Очигледно дека фановите не му го забораваат предавството, односно трансферот од Торино во Рома.
Тие истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Не можеме да те навредуваме, затоа што не ни играш“. Белоти целиот меч го мина на клупата за резерви и не доби шанса против својот поранешен тим.
Белоти оваа сезона одигра 23 натпревари, во кои главно влегуваше од клупата, а интересно не запиша ниту еден гол ниту една асистенција за новиот тим.
Torino fans are ruthless 😂
They made a banner for Belotti that says, “We can’t insult you because they don’t play you.” 💀
Still not happy about him leaving it seems lol pic.twitter.com/MWiSVU0c59
— Italian Football TV (@IFTVofficial) April 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА