Најскапиот стопер во историјата на фудбалот Хари Мегваер, кој долго време беше мета на критики на јавноста во Англија, конечно, доби и пофални зборови и тоа директно од тренерот наМанчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг.
Минатиот викенд доби шанса од Тен Хаг на дуелот со Евертон. И играта го воодушеви холандскиот тренер на клупата на Јунајтед.
„Мегваер доминираше, го диктираше темпото. Ова е целосно друг Мегваер од оној кој го видов по доаѓањето тука. Против Евертон беше доминтанен над противниците, го затвораше просторот, сечеше додавања, излегуваше високо и одигра врвно“, рече Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

