Судиската комисија на англиската Премиерлига го суспендираше помошникот судија Константин Хацидакис. Арбитарот во текот на натпреварот помеѓу Ливерпул и Арсенал, во врат го удри фудбалерот на домашниот тим, Енди Робертсон.
Инцидентот се случи на полувремето на натпреварот , кој заврши без победник 2-2. Робертсон имаше забелешки на судењето, по што му пријде на главниот арбитар Пол Тирни. На снимките се гледа потоа како со лакт Хацидакис го удира фудбалерот.
Хацидакис нема да биде делигиран на следни натпревари, се додека не заврши истрагата.
Video of assistant referee elbow on Liverpool Andy Robertson. pic.twitter.com/oMq81oHpoa
— DreAnyWeather Sports (@any_dre) April 9, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

