Општина Кисела Вода со проект за реконструкција на салата „Расадник“

Популарната скопска сала „Расадник“ ќе биде реконстурирана, информираат од општина Кисела Вода.

На денешната Седница на Советот на Општина Кисела Вода поддржана е иницијативата за создавање на финасиска конструкција која ќе овозможи реконструкција не некогашното култно место за спортските вљубеници и нејзино преземање од управувањето од страна на централните власти.

Проектот го најави градоначалник Орце Ѓорѓиевски кој вели дека жално е што некогашното култно место децениски се запустува и редно време е за промена за истата повторно да биде дом на спортот и расадник на идните спортски легенди.

„Еднакво важно со градењето е и одржувањето на спортскaта инфраструктура. Жално и недозволиво е спортски објект кој, не само за Кисела Вода, туку и за Скопје, е симбол на едни убави спортски времиња да биде жртва на децениска запоставеност. Во салата Расадник се калеле спортските легенди на „Вардар”, се уште се свежи сеќавањата на полните трибини од кои публиката имала можност да гледа врвна кошарка, одбојка, ракомет. На овој начин, сакаме да го започнеме процесот за враќање во живот на овој храм на спортот. Се надевам дека не само советниците кои денес едногласно ја поддржаа идејата, туку и сите наши жители се согласни дека сериозно треба да се зафатиме со реконструкција, но и со менаџирање на салата „Расадник”, која треба повторно да биде дом на спортот и расадник на идните спортски легенди“, изјави Ѓорѓиевски.

Се вчитува...