Фирмино оди во Реал Мадрид?!

Роберто Фирмино веќе објави дека на крајот од сезонава ќе си замине од Ливерпул, а според последниот информации Реал Мадрид е сериозен во намерата да го доведе бразилскиот голгетер во своите реџдови.

Флорентино Перез е во потрага по нов напаѓач кој би бил резерва на Карим Бензема во наредната сезона, во исчекување на офанзива по Мбапе или Халанд, која се очекува во летото 2024 година. Фирмино веќе две години не е прва опција во Ливерпул, така што статусот на резерва нема да му пречи, а предизвикот да го облече дресот на најтрофејниот европски клуб сигурно е огромен.

Мадридскиот весник „Насионал“ обелодени дека Флорентино Перез веќе стапил во контакт со агентот на „деветката“ на Ливерпул и во наредните денови се очекува и официјална понуда до Бразилецот.

Претходно, интерес за овој фудбалер покажаа и Барселона, Јувентус и Интер, како и клубови од Катар, САД и од Саудиска Арабија.

Се вчитува...