Пол Џорџ го пропушта стартот на плеј-офот

Асот на Лос Анџелес Клиперс Пол Џорџ поради повреда на коленото ќе го пропушти почетокот на плеј-оф серијата против Феникс Санс, пренесуваат американските медиуми.

Џорџ го повреди десното колено на 21. март против Оклахома, а според лекарскиот извештај на Клиперс тој се уште не закрепнал. Кошаркарот изјави дека ќе даде се од себе за што побрзо да биде подготвен. Џорџ одигра 55 натпревари за ЛА Клиперс оваа сезона, со просек од 23,9 поени, 6,1 скока и 5,1 асистенции по натпревар.

Лос Анџелес Клиперс ќе игра против Феникс во првото коло од плеј-офот на Западната конференција. Првиот натпревар се игра на 16. април во Феникс.

Се вчитува...