Паратичи вложи жалба во ФИФА

Спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи во вторникот поднесе жалба на одлуката на Светската фудбалска федерација да ја продолжи суспензијата што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација.

Фабио Паратичи е еден од единаесетмината поранешни менаџери на Јувентус кои се суспендирани. Паратичи беше суспендиран во Италија на две и пол години, а потоа, бидејќи тој е всушност единствениот од суспендираните кој има активна улога, на барање на Италијанската фудбалска федерација, ФИФА одлучи суспензијата да не важи само во Италија, тука на глобално ниво.

Тоа би го оневозможило Паратичи да си ја заврши работата во Тотенхем, а тој, како што пишуваат британските медиуми, ја искористил можноста за жалба на оваа одлука. Откако одлуката на ФИФА стана официјална, Паратичи се повлече од функцијата спортски директор на Тотенхем. Во договор со клубот тој зеде привремен одмор, а од исходот на жалбата ќе зависи понатамошната соработка.

Се вчитува...