Еден полицаец и еден одбојкар на ОК Шкендија се повредени по повод вчерашниот инцидент кога во салата „Гемиџии“ во Велес, навивачи и гостински играчи влегоа во пресметка.
Притоа, биле фрлани разни тврди предмети од трибината на теренот и обратно. Неколку гледачи и играчи на крајот завршиле во полициска станица на давање исказ за случајот.
„На 10.04.2023 во СВР Велес било пријавено дека околу 21.10 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, по одигрување на одбојкарскиот натпревар помеѓу екипите на ГОК Борец од Велес и ОК Шкендија од Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир, при што дел од играчите на гостинската екипа и дел од присутните во публиката фрлале едни кон други со разни предмети. Притоа, со повреди се здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК Шкендија. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави. “, стои во соопштениеот од Министерството за внатрешни работи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА