Душан Тадиќ прерасна во вистинска легедена на Ајакс. Српскиот интернационалец е дел од холандскиот клуб од 2018 година, а не намерува да замине од него уште долго.
Неговиот договор со клубот од Аместердам е до јуни 2024 година по што сега 34-годишникот планира да влезе во тренерските води, а еден ден да биде и прв тренер на најтрофејниот холандски фудбалски клуб.
„Имам договор до јуни 2024 година како фудбалер. Се зборува дека потоа ќе останам во клубот како тренер. Тоа може да биде во младите категории или пак како соработник во првиот тим за почеток, но еден ден секако дека ќе бидам тренер на сениорите. Засега сакам да играм што е можно повеќе. Најважно ми е што физички добро се чувствувам“, вели Тадиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

