Подзаборавениот Абдурахими со два гола го откажа Тричковски од титула

Поранешниот македонски репрезентативец Бесарт Абдурахими, со два гола му донесе голем триумф на својот Пафос во дуелот со АЕК Ларнака на Иван Тричковски. Абдурахими во 10. и во 22. минута, донесе водство од 2-0 за својот тим, така шокирајќи го капитенот Тричковски на другата страна.

На крајот Пафос триумфираше со 4-0, триумф кој го оддалечи АЕК од титулата на Кипар, со оглед дека сега заостанува пет бодови од првопласираниот Арис Лимасол, но од друга страна сега Пафос се доближи до местото кое носи пласман во Европа.

32-годишниот Абдурахими во 2022 година е дел од Пафос, а претходно играше за Рудеш, Браво, Херманштад, а беше кратко и во тетовска Шкендија. Тој има 12 настапи за Македонија, и еден гол, оној победничкиот со Луксембург.

Се вчитува...