Кристијано Роналдо ќе добие нов тренер откако раководството на Ал Наср решило да ја прекине соработката со Руди Гарсија. Информацијата ја пренесува мадридскиот весник „Марка“, тврдејќи дека главна причина за разделбата е нарушениот однос на Гарсија со фудбалерите во тимот, кои целосно ја загубиле довербата во овој стратег по конфликтите што ги имале во последниот период.
Амбициите на Ал Наср сериозно скокнаа кога овој клуб успеа да го доведе Кристијано Роналдо во своите редови, но Ал Наср не ги бележи очекуваните резултати со португалската суперѕвезда во своите редови. Овој тим беше елиминиран од кралскиот куп на Саудиска Арабија, додека во домашното првенство заостанува три бода зад Ал Итихад, клу од кој неодамна загуби со 1-0 во меѓусебниот дуел.
Како пресудна се чини ќе се покаже средбата против Ал Фејха, тим за кој настапува и нашиот Александар Трајковски, на кој Ал Наср забележа само реми, а вжештените конфликти во соблекувалната придонеле управата да донесе одлука за разделба од Гарсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

